Шахпаска по повод 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа: Инвестирањето во силни и прилагодливи системи за БЗР, кои ќе одговорат на евентуалните предизвици по здравјето и безбедноста на работните места е од суштинско значење

Шахпаска по повод 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа: Инвестирањето во силни и прилагодливи системи за БЗР, кои ќе одговорат на евентуалните предизвици по здравјето и безбедноста на работните места е од суштинско значење

По повод одбележувањето на 28 април- Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа, организираше онлајн настан насловен: „Да инвестираме сега во силни и флексибилни системи за БЗР“. На настанот учество земаа претставници од Советот за безбедност и здравје при работа, Меѓународната организација на трудот, Државниот инспекторат за труд, Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи и Институтот за имунологија хумана генетика.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на почетокот од своето обраќање изрази задоволство за учеството во овој значаен настан, со кој и оваа година, нашата држава се придружува кон меѓународната глобална иницијатива, поддржана од Меѓународната организација на трудот, за одбележување на 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.

„ Одбележувањето на 28 април треба сите да не поттикне заеднички да работиме и на подигнување на јавната свест за безбедноста и здравјето при работа, затоа што сите ние заеднички ја споделуваме и одговорноста и обврската да работиме на превенирање на несреќите, смртните случаи, повредите и заболувањата поврзани со работата. А колку е тоа навистина важно и неопходно, ни покажа, меѓу другото токму и оваа пандемија со која се живееме еве веќе втора година,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека уште од почетокот се покажа дека пандемијата има силно влијание врз речиси сите аспекти на работата. ​
„Сведоци сме дека сите работници, работодавачи, бизниси, сектори, институции итн., се на различни начини силно погодени од оваа здравствена криза, како и од неопходните мерки кои се преземаат за спречување на ширењето на заразата. А опасноста и превенцијата од зараза на работниците доведоа до голем број на промени во начинот на работа и одвивањето на работата во претпријатијата, поинтензивно употреба на работа од дома, работа од далечина, смени, ротации на вработени итн.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …