Што Ципрас ќе каже за спорот со името на саемот во Солун?

Што Ципрас ќе каже за спорот со името на саемот во Солун?

Јасна порака и поддршка на Договорт од Преспа ќе искаже Алексис Ципрас следната сабота во неговиот воведен говор на Меѓунардониот саем во Солун.

Ципрас, според извори со грчката влада, ќе рече дека ратификацијата на договорот ќе го реши деценискиот спор околу името како и дека иако преговорите биле тешки, во исто врме биле и неопходни.

– Ние дејствуваме со чувство на одговорност и патриотизам во спорот со името и силно веруваме дека следната година Договорот од Преспа ќе биде имплементиран – ќе порача Ципрас во исто време испраќајќи порака до опозициската Нова Демократија дека ако тие не го раификуваат договорт, ќе испратат негативна порака до меѓународната заедница.

Во меѓувреме американскиот амбасадор во, Атина Џефри Пејет, го поздрави договорот „кој го ослободил економскиот потенцијал на регионот и го трасирал патот на земјата кон членството во НАТО и ЕУ“.

Во последната изјата тој рече дека САД ќе бидат почесната земја–гостин на Саемот во Солун оваа недела, како и дека Грција е посакуваниот партнер за соработка со земјите од Западен Балкан.

На 15 септември Кирјакос Мицотакис исто така ќе се обрати на Саемот и меѓудругото, ќе ја изложи и позицијата на Нова Демократија околу ратификацијата на Договорот за името во Грчкиот парламент.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …