Силјан Мицевски „малку“ се збуни

Силјан Мицевски „малку“ се збуни

Бизнисменот Силјан Мицевски, за еден месец целосно ги смени исказите што претходно ги даде во врска со случајот „Рекет“. По обелоденувањето на фактот дека неговата градежна  компанија „Пелистер” е една од оние кои склучиле договор со невладината организација Меѓународен Сојуз на Бојан Јовановски за изградба на Европски комплекс за возрасни лица, тој потврди дека пари во висина од 720.000 денари префрлил на сметка на Лилјана Тодоровска, затоа што знаел дека таа е автор на идејата за комплексот. И Тодоровска пред да даде исказ во Обвинителството за медиумите потврди дека парите биле префрлени на нејзина сметка, но веднаш откако ги подигнала, ѝ биле одземени од лице од Меѓународниот сојуз.

Сега Мицевски има нова приказна. Вчера, пред да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал, тој пред новинарите тврдеше дека парите не ги уплатил на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на Меѓународниот Сојуз. Запрашан дали се сретнал со Бојан Јовановски, тој одговори: „Не, со Меѓународниот сојуз се договоривме преку договор“. На прашањето како ќе си ги врати парите, кусо изјави: „Ќе го прашате Бојан“.

Јасна Мандиќ: Хонорарот пристигна на сметка на Л.Т. 

Оваа изјава на Мицевски е во целосна спротивност и со тврдењата на потпретседателката на Меѓународниот Сојуз, Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, која на 6-ти август се огласи со соопштение против „медиумските шпекулации“ за намената на парите што ги прибирале во организацијата. И таа потврди дека парите стигнале на сметка на Лилјана Тодоровска, со тоа што во соопштението користеше иницијали.

„Паричните средства пристигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на Меѓународнот сојуз и исполнување на договорите со партнерите. Потенцираме дека хонорарот пристигнат на сметка на Л. Т., еден од координаторите и идеен творец на проектот, веќе беше предмет на истрага од страна на Финанасовата полиција и ОЈО, по што се утврди дека транскацијата е во рамките на позитивните законски прописи и истрагата е сопрена. Временското одлагање на остварувањето на целите на Меѓународниот сојуз е исклучиво од објективни причини а никако по вина на Меѓународниот сојуз и координаторите на проектите“, тврдеше Мандиќ во соопштението.

Дека на сметката на Меѓународниот Сојуз не стигнало практично ништо, најмалку парите од Мицевски, покажуваат и годишните сметки на оваа организација. За две години колку што постои, не нејзината сметка имало само околу 5.500 евра.

Финансиска полиција го истражувала случајот

Новата верзија на Мицевски нема да помине ни во Управата за финансиска полиција, која еднаш се занимавала со овој случај. Директорот на оваа институција, Арафат Муареми, во втората половина на август за БИРН објасни како стигнал првиот сигнал дека се случува нешто сомнително. При крајот на 2017 година, една банка пријавила во Управата за финансиско разузнавање дека има сомнителна трансакција. Потоа таа го информирала Обвинителството, кое ги замрзнало средствата, и ѝ се обратило на Финансиската полиција да ги истражи потеклото и намената на паричните средства. Според Муареми, тогаш било утврдено дека градежна компанија од Битола префрлила над 700.000 евра на жена, која веднаш била повикана  во Финансиска полиција. Таму кажала дека парите се наменети за проект што бил замислен како модерен европски центар за возрасни лица.

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …