Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на вонредните внатрепартиски избори

Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на вонредните внатрепартиски избори

Соопштение за јавност на СДСМ

Централната изборна комисија, задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, коишто ќе се одржат в недела, на 12 декември, информира дека согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирани 51.228 членови на СДСМ а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови.

Од овие причини, имајќи го предвид краткиот временски рок за активна регистрација, но и интересот на членовите на СДСМ, Централната изборна комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори.

Гласањето на вонредните избори на 12 декември ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот попланде.

Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја подигна внатрепартиската демократија на највисоко ниво, членовите избираат претседател на непосредни избори со тајно гласање, со што се поставува нов стандард на македонската политичка сцена.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …