Сите училници во средните училишта во Скопје добија прочистувачи за воздух

Сите училници во средните училишта во Скопје добија прочистувачи за воздух

Денеска сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух, најави градоначалникот на Град Скопје, на прес-конференција во СУГС „Орце Николов“ каде што се поставуваа прочистувачи на воздух во училниците.

„Во 23 училишта, во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух. Тоа значи дека од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух, особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот. Вредноста на прочистувачите е околу 11 милиони денари“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште.

„Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите сограѓани, децата се наша иднина и нивното здравје е наш приоритет. Имаме обврска да создаваме услови за здраво живеење, да ги намалуваме ризиците по здравјето на граѓаните, да овозможиме што поздрава животна средина за сите вклучително и за младата популација“, додаде Шилегов.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …