Следните денови 19.060 тутунари ќе добијат финансиска поддршка од 300 милиони денари

Следните денови 19.060 тутунари ќе добијат финансиска поддршка од 300 милиони денари

На денешната прес-конференцијата на владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа беше соопштено дека Владата, преку Генералниот Секретаријат, наредните денови ќе изврши исплата на финансиска поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари, во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19.

Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. На оваа финансиска поддршка и’ претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1.7 милијарди денари, со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза, изнесува два милијарди денари.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …