Снег во Скопје: Улиците проодни, велосипедските и пешачките патеки останаа неисчистени [фото]

Снег во Скопје: Улиците проодни, велосипедските и пешачките патеки останаа неисчистени [фото]

Снегот којшто ноќва започна да паѓа во Скопје утрово им предизвика проблеми во движењето на граѓаните кои се движеа пешки или со велосипед низ главните улици во градот. Снегот од околу 5 сантиметри којшто падна во главниот град се чисти од главните булевари и улици, но службите на Градот Скопје заборавија на чистењето на велосипедските и пешачките патеки.

Снег во Скопје: Улиците проодни, велосипедските и пешачките патеки останаа неисчистени [фото]

Мета.мк утрово направи фотографии од булеварот Партизански одреди, на којшто коловозот е чист и прооден, но велосипедската патека воопшто не е исчистена, иако забележавме десетина велосипедисти коишто се движеа со ова превозно средство. Мал број вработени на ЈП „Комунална хигиена“ ја чистеа пешачката патека кај трговскиот центар „Буњаковец“, но и просторот за движење на пешаците исто како и оној за велосипедистите утрово останува под снег.

Снег во Скопје: Улиците проодни, велосипедските и пешачките патеки останаа неисчистени [фото]
Неисчистени делови од пешачката патека на булеварот Партизански одреди

Инаку, покрај неажурноста на скопските градски власти, снегот утрово поголеми проблеми предизвикува во западните делови од земјата, каде што врнежите се најинтензивни. Поради обилни врнежи од снег, од 8:30 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, информираат од АМСМ. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 4:50 часот е воведена и на патот Дебар – Маврово.

Од УХМР во временската прогноза за денешниот ден предупредуваат и на појава на голомразица во деловите од земјата каде што падна снег, поради ниските температури. Врнежите од снег во текот на денот ќе престануваат, но наредните денови се прогнозира студено време и засилен северен ветер, со дневни температури од околу 0 степени во градовите и појава на слаби врнежи од снег.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …