Снежен хаос на Божик во САД – милиони луѓе без струја

Снежен хаос на Божик во САД – милиони луѓе без струја

Студен бран и снежна бура во големи делови на САД предизвикуваат хаос на Божиќниот викенд.

Екстремен студ со температури до минус 45 степени, обилни врнежи од снег и силен леден ветар доведоа до прекин на снабдувањето со електрична енергија во преку 1,2 милиони американски домаќинства. Невремето ги помати плановите за патување на Божик на многу граѓани. Откажани се преку 5.000 авионски летови, околу 9.000 доцнат. Во сообраќајни несреќи поради замрзнати патишта настрадале смртно најмалку 13 лица.

Првично беа погодени северот и средниот запад на земјата, но невремето се шири и во југот. Некои сојузни држави, меѓу кои и Њујорк, прогласија вонредна состојба поради временски неприлики. Гувернерката на Њујорк упати апел до граѓаните да не ги напуштаат домовите. Метеролозите предупредија на можна појава на специјална и силна бура, таканаречена „циклонска бомба”.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …