Со 81 глас “за“, Собранието ги изгласа уставните измени

Со 81 глас “за“, Собранието ги изгласа уставните измени

Со 81 глас „за“, вечерва пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени, односно амандманите 33 до 36. Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани.

Според Уставниот закон кој беше исто така усвоен, овие амандмани влегуваат во сила откако целосно ќе стапи на сила Преспанскиот договор, односно откако тој ќе биде ратификуван во грчкиот парламент. Според членот 1 од овој закон, амандманите нема да стапат на сила и ќе бидат неважечки ако Грција не го ратификува договорот.

Прочитајте повеќе

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со својата континуирана хумана мисија за помош на лицата кои …