Со полагање свежо цвеќе пред споменици и спомен обележја, одбележана 76-годишнината од ослободувањето на Прилеп

Со полагање свежо цвеќе пред споменици и спомен обележја, одбележана 76-годишнината од ослободувањето на Прилеп

Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, на Советот на општина Прилеп, Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борци и политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот кај месноста „Песјобрдце“, спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, како и на Могила на непобедените, со што беше одбележан Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември.

Во изјавата за медиумите, градоначалникот Јованоски истакна дека за својата слобода Прилеп платил висока цена, искажана со учеството на над 8.000 активисти, 2.700 вооружени борци и со животите на 650 свои граѓани и 15 народни херои.

„Сите тие испратија порака до идните генерации, заради што денес им се поклонуваме, им честитаме на храброста и одлучноста која ја покажаа за време на НОБ. Ние и идните генерации мора да ја почитуваме слободата и да ги почитуваме придобивките, со меѓусебно почитување, разбирање. Да ја сакаме слободата, да ја сакаме и почитуваме татковината. На сите граѓани на Прилеп им го честитам 3 Ноември, Денот на ослободувањето“, изјави градоначалникот Илија Јованоски, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Прилеп.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …