Заради влошената ситуација со коронавирусот, Општина Прилеп ќе спроведе нова акција за дезинфекција на улиците

Заради влошената ситуација со коронавирусот, Општина Прилеп ќе спроведе нова акција за дезинфекција на улиците

Влошувањето на состојбата со вирусот Ковид-19 во општина Прилеп, е причината за новата акција за дезинфекција на улиците во градот, која ќе се одвива во текот на раните утрински часови на утрешниот ден, среда 4 ноември.

Возилата на Територијалната противпожарна единица, со дезинфекциони средства набавени од ЈП ПУП, ќе ги дезинфицираат улиците во централното градско подрачје, како и главните улици во сите населбите на градот.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, упатува апел до граѓаните на општина Прилеп, доследно да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, односно да се носат заштитни маски, да се одржува неопходната физичка дистанца и редовно да се одржува личната хигиена.

Согласно развојот на ситуацијата со вирусот, Општина Прилеп континуирано ќе презема локални мерки за намалување на трансмисијата на заразата во градот и населените места.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …