СДСМ лого

Со политизација на трагедијата Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата во време на национална тага и целосна мобилизација на институционален потенцијал за расветлување на случајот.

Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски.

Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување одлучува Собранието на наредната седница.

Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го покажува очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.

Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите.

Владата предводена од СДСМ постапува по Устав, по Закон. Истрагата ја водат надлежни органи и една таква темелна и независна истрага ќе ги даде сите одговори.

ВМРО-ДПМНЕ нема право да се повикува на морал, ниту пак да ја оцрнува работата на Венко Филипче, која ја саботираше во секоја можна прилика.

Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид-19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.

Ова се дел од причините поради кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и треба да научи што е право, Устав и најважно да го почитуваат.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …