Со учество на 130 натпреварувачи, денеска во Крушево започна Gin Wide Open

Со учество на 130 натпреварувачи, денеска во Крушево започна Gin Wide Open

Веднаш по завршување на 16. Светско првенство во параглајдерство, во Крушево започнува уште едно меѓународно првенство со околу 130 учесници.

Денеска градоначалникот Томе Христоски го прогласи за отворено првенството под наслов Gin Wide Open.

„Драги учесници и гости, добредојдовте во Крушево, град на авантурата и местото за авантуризам. Завршивме со Светското првенство, а во годините што следат организираме уште неколку Европски и Светски првенства во параглајдерство и змајарство. Сакам да ви посакам одличен престој и успешно натпреварување“, порача градоначалникот Христоски.

Во Крушево е присутен и сопственик на фабрика за производство на падобрани од Јужна Кореа, Џин Сеок Сонг кој во изминатите две недели го тестираше теренот и неговите нови производи. Во текот на наредните денови од Општина Крушево најавија видео материјал со изјава на г-нот Џин за можностите на Крушево за параглајдинг.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …