Софија со нова порака: Имаме проблем и тој не е билатерален

Софија со нова порака: Имаме проблем и тој не е билатерален

Бугарија се обидува проблемот со една земја-кандидат да го ослободи од префиксот „билатерален“ и да го претстави како проблем за темелните принципи и основи на Европската унија. Ова произлегува од ставовите на постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, амбасадорот Димитар Цанчев, искажани на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ. Во неговите изјави пренесени од БГНЕС, ниту еднаш не се спомнува името на земјата-кандидат за која говори амбасадорот, а кои се дадени во контекст на дискусија за европската иднина на земјите од Западен Балкан.

„Сакам категорично да изјавам, дека Бугарија ја поддржува европската иднина на Западен Балкан. Оваа наша поддршка најде израз за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, кога европската перспектива на регионот беше клучен приоритет“, изјавил постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ.

„Таа поддршка се рефлектираше и во нашето одговорно однесување како стабилизирачки фактор во регионот за време на војните што го следеа распаѓањето на поранешна Југославија. Бугарија најмалку има потреба да биде убедувана зошто Западен Балкан еден ден треба да стане дел од ЕУ. За жал, ние сме исправени пред проблем. Тој не е билатерален, како што некои од вас очигледно сметаат. Тој се однесува на принципите врз кои е изградена и функционира нашата Унија”, рекол амбасадорот Цанчев.

Текстот во целост можете да го прочитате на веб сајтот на DW

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …