На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на регионални центри за КОВИД-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес и го задолжи Министерството за здравство, во соработка со општините Струмица, Прилеп и Велес, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против КОВИД-19 во овие градови.
Со оваа одлука Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.
Во Прилеп, вакциналниот пункт ќе се наоѓа во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место