Сојуз на средношколци: Не смее да се укинe еден интерен испит, тоа не е во интерес на матурантите

Сојуз на средношколци: Не смее да се укинe еден интерен испит, тоа не е во интерес на матурантите

Реакцијата на средношколците следува откако Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) за денеска најавија протест пред МОН на кој ќе бараат да се укине еден интерен предмет или да се скрати од материјалот за полагање државна матура.

Ако се укине еден интерен испит од вкупно два кои се дел од државната матура,  можноста да се запишат матурантите на факултет ќе биде сериозно намалена и нарушена, предупредуваат во Сојузот на средношколци.

Оттаму, во дописот до јавноста велат дека во таков случај факултетите нема да можат да ги бодираат кандидатите чии испити би содржеле само македонски јазик и литература, англиски јазик или математика и уште еден изборен предмет. Реакцијата на средношколците следува откако Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) за денеска најавија протест пред Министерството за образование и наука (МОН) на кој ќе бараат да се укине еден интерен предмет или да се скрати од материјалот за полагање државна матура.

„Ова посебно важи за ученциите кои планираат да студираат во странство. Интерните испити се полесни од екстерните, а нивното укинување ќе им ја намали можноста на нашите матуранти да се запишат на универзитетски студии“, наведено е во соопштението на Средношколскиот сојуз.

Оттаму најавуваат дека денеска во 11 часот ќе одржат вонредна седница на Генералното собрание чија единствена точка на дневниот ред ќе биде државната матура.

„Укинувањето на еден интерен испит ќе им наштети на нашите ученици кои аплицираат за студии во странство бидејќи нема да имаат доволен опсег на предмети. На пример, медицинските факултети во Велика Британија бараат од секој кандидат да приложи најмалку испит по биологија и по хемија, а испитот по англиски јазик им служи на странските кандидати да докажат дека го познаваат јазикот. Бидејќи испитот по мајчин јазик не е прифатен на странските факултети, нашите матуранти ќе бидат ставени во подредена положба. А нивниот број не е мал“, појаснуваат од Сојузот.

Статистиката вели, додаваат во сојузот, дека од 17 илјади матуранти во државата, во Словенија се запишуваат повеќе од 1.000.

„Секоја година имаме дополнителни 300-400 матуранти кои студираат во уште 17 други земји од Европската унија, Западниот Балкан и Турција. Само оваа година државата стипендира 37 матуранти т.е. бруцоши кои студираат на првите 100 универзитети од Шангајската листа. Земајќи ги предвид и студентите кои студираат во САД и Велика Британија без државната стипендија, Сојузот со сигурност тврди дека секоја година има над 1.700 матуранти кои студираат во странство, а проценува дека бројот може да достигне и две илјади, т.е. околу 12 отсто од вкупниот број матуранти“, информираат оттаму.

Затоа, појаснуваат од Сојузот, укинувањето на еден интерен испит ќе им ги уништи трудот, амбициите и сонот на овие средношколци, а со сличен проблем можат да се соочат и матурантите кои ќе студираат на домашните универзитети ако и тие решат да бидат построги при уписот, имајќи на ум дека факултетите се автономни институции.

„На повеќето интерни испити 99 отсто од оценките се 5 (петка) и 4 (четворка), односно двете највисоки. Неретко се случува просечната оценка на дадени интерни испити да биде 5.00. Оттука, Сојузот не разбира како укинувањето на еден интерен испит е во интерес на средношколците, имајќи предвид дека успехот на средношколците е значително повисок на овие испити, што значи дека тие носат повеќе поени при уписот на факултет“, додаваат во Сојузот.

Тие најавуваат дека на Генералното собрание ќе бидат усвоени конкретни барања кои истовремено ќе бидат и во интерес на средношколците и ќе го прилагодат и олеснат полагањето државна матура.

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …