Сончево и топло време, од недела нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло време, од недела нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 27 до 37 степени Целзиусови, а УВ=8.

До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …