Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, во посета на Берово

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, во посета на Берово

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Берово, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост при Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Берово, во пресрет на реализацијата на донацијата обезбедена од Амбасадата на Народна Република Кина, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е донираните финансиски средства, во висина од 1.540.000 денари, да бидат искористени за опремување на кабинети за физикална и хидро-терапија, како и сензорна соба наменета за деца и лица со аутистичен спектар на нарушувања во Дневниот центар во Берово.

Поздравувајќи ја реализацијата на проектот, г-ѓа Ѓоргиевска истакна дека тоа ќе придонесе за подигнување на квалитетот на социјалните услуги кои ги добиваат граѓаните во овој дел од државата. Според г-ѓа Ѓоргиевска, потребно е сите заеднички да работиме за натамошно подобрување на условите за лицата со попреченост и за зголемување на нивната видливост, истакнувајќи го Дневниот центар во Берово како добар пример во таа насока.

Претходно, г-ѓа Ѓоргиевска го посети домот за стари лица „д-р. Иван Влашки“, каде беше запознаена со работата на оваа установа во која во моментов престојуваат 37 лица.

За време на посетата на Берово, г-ѓа Ѓоргиевска ја посети Детската градинка „23 Август“, каде подели новогодишни пакетчиња за децата згрижени во оваа установа.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …