Сопругата на претседателот во посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Сопругата на претседателот во посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Кабинетот за психолошка поддршка во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија по повод одбележувањето на Октомври – Месецот на борба против рак на дојка.

За време на посетата, сопругата на претседателот беше придружувана од директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, спец. д-р Никола Васев, претседателката на Здружението за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином “Љубов сме – Jemi dashuri“, Македонка Икономова Давчева и спец. д-р Мери Пешевска, специјалист во Одделение за малигни тумори на дојка при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Сопругата на претседателот оствари кратка посета на пациенти во дневната болница за прием на хемотерапија и го посети Кабинетот за психолошка поддршка при што психолозите, Александра Стефановска и Елена Георгиевска ја претставија работата на кабинетот. Тие ја информираа Ѓоргиевска дека психолозите на клиниката работат со пациентите и нивните семејства, остваруваат индивидуални и групни средби со нови пациенти кои започнуваат со лекување, со пациенти кои се во тек на третман, како и пациенти кои го завршиле нивното лекување.

Здружението “Љубов сме- Jemi dashuri“ чија цел е да им го олесни патот на онколошките пациенти кон нивното подобро здравје го иницираше во соработка со здравствените институции отворањето на психолошкиот кабинет при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија сметајќи дека е неопходен во процесот на нивното лекување.

Од самиот почеток на пандемијата психолозите во психолошкиот оддел на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во соработка со Комората на психолози, дизајнираа „Проект за психолошка поддршка и психо-социјална помош на онколошките пациенти“. Во рамки на проектот се нуди бесплатна психолошка помош и во рамки на истиот функционира телефонска служба за помош на онколошките пациенти и семејства и онлајн група за психолошка поддршка еднаш неделно. Во Kабинетот за психолошка поддршка на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од почетокот на работа се остварени вкупно 900 психолошки средби. 

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …