Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ: Од 4:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Р1105 во правец Валандово – с.Удово, кај м.в. Калковска река атар на с. Јосифово е во прекин поради поголема количина на вода и песок на коловозот. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р-1401 Валандово – с. Марвинци и магистралниот пат А1 с. Удово – с. Марвинци.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Горива бензини дизел

СДСМ: Власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија по падот на светските берзи

Соопштение за јавност на СДСМ По падот на цените на светските берзи власта веднаш да …