СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА ДО 21.00 ЧАСОТ – ВКУПНО 42 ЗАБОЛЕНИ

СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА ДО 21.00 ЧАСОТ – ВКУПНО 42 ЗАБОЛЕНИ

Министерството  за здравство информираше дека во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, вчера се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнале преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42.  Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови, Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …