Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), како надлежна за стопанисувањето на објектите во сопственост на Владата, известува дека Владата не била запознаена за намерата, ниту информирана за одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи.
„Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку шест месеци однапред. СОЗР денеска ќе ги покани претставниците на менаџментот на концесионерот утре на состанок да информираат за причините за нивната одлука. Од таа средба со менаџментот на концесионерот на „Македонско село“, и од разговорот за новонастанатата ситуација, СОЗР ќе постапи согласно одредбите регулирани со договорот за концесија“, се вели во соопштението.
Извор: МЕТА