Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифатил оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, се вели во соопштението објавено од премиерскиот кабинет.
Ципрас му се заблагодарил на Коѕиас за неговиот придонес кон владата и земјата во текот на изминатите три ипол години.
Во соопштението се додава дека Ципрас ќе го преземе министерството за надворешни работи за да го спроведе Договорот од Преспа за името, потпишан во јуни.
Коѕиас, денеска поднесе оставка, еден ден по напната средба на владиниот кабинет кога избила расправија со министерот за одбрана, Панос Каменос, во врска со договорот за Преспа.
Извор: МЕТА