пасош

Спасовски: Не ги чекајте летните гужви за да извадите нов пасош

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати апел до граѓаните што поскоро да го продолжат рокот на истечените патни исправи за да не се соочат со гужви за време на летната туристичка сезона.

„Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните гужви“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Тој информира дека МВР за месец јануари има зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. Во периодот од 5 јули до 31 декември 2021 биле изработени 203.442 пасоши и 167.558 лични карти.

„Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди“, дополни Спасовски.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …