Спасовски предложи разрешување на шефот на БЈБ, Велковски, поради скандалот со џипот

Спасовски предложи разрешување на шефот на БЈБ, Велковски, поради скандалот со џипот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазо Велковски, поради скандалот со службениот џип. Велковски потпишал налог за патување, но немало решение за службено патување, велат од МВР.

Како што велат од МВР, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, а со возилото управувал вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Во својот исказ, директорот на БЈБ потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил поради тоа што подолго време имало закани кон него и неговото семејство. Според соопштението, Велковски рекол дека бидејќи бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама, па го ангажирал припадникот на неговото обезбедување да го вози џипот.

„Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски“, соопштија од МВР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …