Спасовски: Со брзата изградба на експресниот пат Штип-Радовиш, го градиме забрзано и југоисточниот дел

Спасовски: Со брзата изградба на експресниот пат Штип-Радовиш, го градиме забрзано и југоисточниот дел

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска изврши увид во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза од клучката Штип југ до Бучим.

Изјавата на премиерот Спасовски ја пренесуваме во целост:

Денеска сме заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов на локацијата каде што се гради експресниот пат Штип-Радовиш да направиме увид во градежните работи.

Можам да констатирам дека изградбата на експресниот пат се одвива со одлично, забрзано темпо. Реализацијата на работите е извршена до 83%, и доколку дозволат временските услови се очекува експресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок.

Крајниот рок за завршување на оваа делница, од клучка Штип-југ до Бучим, вредна 27,13 милиони евра, е април 2021 година.

Втората фаза од изградбата на експресниот пат опфаќа реконструкција на две под делници, од Три Чешми до Штип-југ и од Бучим до Радовиш во должина од 16.87 км и во тек се подготвителните работи на трасата. Со овие, и со интензивните работи на експресниот пат Штип-Кочани, го градиме интензивно југоисточниот дел од нашата земја и продолжуваме да ја поврзуваме нашата земја.

Изградбата на овој експресен пат има големо влијание врз развојот на економијата и ќе придонесе за рамномерен регионален развој. Ќе се овозможи побрз транспорт на стоки, услуги, добра и луѓе. Она што е важно, експресниот пат Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните од југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и ќе пристигнуваат во главниот град Скопје да ги реализираат своите зацртани планови, потреби и цели. Со мрежата од автопатното решение Штип-Радовиш, и со мрежата од експресни патишта меѓу градовите од овие региони, граѓаните побргу ќе можат да пристигнат во соседниот град да ги видат своите пријатели, роднини или да завршат некоја работа. За студентите тоа ќе значи побрза фреквенција на месечно и годишно ниво од нивниот факултет до нивното место на живеење итн.

Изведбата и завршницата на работите на оваа модерна патна мрежа во голема мерка ќе го скрати и времето за транспорт на стоки и услуги што дополнително позитивно ќе влијае за раздвижување на економската активност во овој дел на нашата земја. На пример, земјоделските производи од струмичкиот или кочанскиот регион, побргу ќе стигнуваат во Скопје и како и до крстопатите со европските коридори за пласман на нашите производи во Европските земји. Овој видлив напредок во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е силен показател дека нашата земја се гради интензивно без посебно влијание на вонредната состојба заради коронавирусот.

Дозволете на крајот да им изразам голема благодарност до компаниите ги изведуваат работите и сите нивни подизведувачи, до надзорот и сите останати, и ги да охрабрам во реализацијата на зацртаните цели за брзо комплетирање на овој значаен градежен проект.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …