Спасовски: Светот ја подржува Македонија, да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме иднина на нашите деца!

Спасовски: Светот ја подржува Македонија, да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме иднина на нашите деца!

-Не смееме ниту во еден момент да ја пропуштиме овааа историска шанса , не смееме да дозволиме да не бидеме дел од овие историски процеси. Како граѓани на Република Македонија, без разлика на која партија и на која нација припаѓаме, без разлика во што веруваме, да не пропуштиме прилика да бидеме генерација која што ќе ја воведе Македонија во НАТО и Европската Унија – порача министерот  за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните на општина Бутел .

Министерот Спасовски посочи дека токму доаѓањето на европските  лидери во посета на земјава е уште една потврда и  признание за нашата посветена работа, дека Македонија постигна напредоци во реформите и покажа дека сака да оди напред, а светот ги отвора вратите за Македонија. Затоа треба да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме светла иднина на нашите поколенија.

-Членството во НАТО значи безбедност и стабилност, гарантиран територијален интегритет, гарантирани граници, мир и благосостојба за граѓаните . Безбедноста и стабилноста на една држава како што е Македонија не допринесува само за безбедноста на нашите граѓани туку носи   безбедност и во регионот. И токму дополнително ја имаме таа одговорност да направиме се и да бидеме дел од тој голем колективен систем на безбедност-рече Спасовски.

Членството во НАТО  значи и економија, затоа што тоа ги охрабрува странските инвеститори, но и домашните компании да вложуваат во земја со стабилна економија.

Примерите за просперитет на земјите кои станаа членки во овие два сојуза ги имаме и во регионот. Добиваме раст на животниот стандард, раст на вработеноста, платите, инвестициите, повеќе пари од фондовите на ЕУ за инфраструктура, образование , здравство и во земјоделието- истакна Спасовски.

Министерот Спасовски уште еднаш ги повика сите граѓани , да излезат на референдумот 30 Септември и да го дадат својот глас за Европска Македонија !

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …