Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи.

– Водејќи се од Економско-инвестицискиот план на ЕУ, ја ревидиравме единствената листа на проекти воспоставувајќи приоритети меѓу клучните инфраструктурни проекти, коишто се важни за развојот на државата, истакна министерот Бесими и притоа додаде дека во рамки на Eкономско – инвестицискиот план, државата ќе аплицира за техничка помош и грантови за инфраструктурни проекти, а коишто се дел од единствена листа на проекти.

Во овие рамки се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка- Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите.

Економско – инвестицискиот план на ЕУ им овозможува на земјите од Западен Балкан пристап до европски грантови во износ од 9 милијарди евра, а се планира да се обезбедат уште 20 милијарди евра дополнителни инвестиции.

И според најконзервативните проекции на ЕК, спроведувањето на инвестицискиот план може да го поттикне растот во земјите од Западен Балкан за најмалку 3,6 процентни поени.

Многу е важно да се создадат сите услови за опоравување од кризата заедно со Западен Балкан, а инвестицискиот пакет е во срцето на тој план.

Инвестицискиот пакет се однесува на проекти во клучни области како транспорт, енергија, животна средина, дигитална економија и инвестирање во младите и во приватниот сектор.

Исто така, на состанокот, министерот потенцира дека Владата е посветена да ја зголеми искористеноста на ИПА фондовите преку предлагање добро разработени („зрели“) проекти, коишто можат лесно и за кус период да почнат да се имплементираат.

Двете страни заклучија дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за стабилноста и безбедноста во Европа.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …