Средба Грковска-Таравари: Важно е и општините да се вклучат во промоција на принципите на добро владеење

Средба Грковска-Таравари: Важно е и општините да се вклучат во промоција на принципите на добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска беше во работна посета на Гостивар и оствари средба со градоначалникот на општината, Арбен Таравари.

На средбата се разговараше за заедничка организација на дебатни настани, по почетокот на наредната учебна година, а во рамки на активностите наменети за младите, кои вицепремиерката Грковска повеќе од една година ги спроведува под слоганот „Зависи од мене и тебе“.

Вицепремиерката Грковска и градоначалникот Таравари се согласија дека од исклучителна важност е континуирано да се работи на подигнување на свеста кај младите за прашања поврзани со етика, интегритет и одговорност, затоа што тие го носат потенцијалот за позитивни промени во општеството и за надминување на слабостите во системот и општеството во целина.

Во однос на транспарентноста, како клучен антикорупциски механизам, вицепремиерката информираше за напредокот во јакнењето на активната транспарентност на институциите. Во таа насока, таа се осврна на Упатството за транспарентност, кое Кабинетот за политики за добро владеење го изготви во соработка со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер и Центарот за управување со промени. Грковска истакна дека иако произлезените препораки од Упатството се обврзувачки само за институциите на централно ниво, и општините треба да ги прифатат насоките за објавување на сите информации од јавен карактер, со што и локалните самоуправи ќе бидат поотворени и поблиски до граѓаните.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …