Средба Ковачевски – Која: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ

Средба Ковачевски – Која: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На состанокот се изразени честитки до премиерот Ковачевски за мандатот.
Притоа е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, предизвиците од војната во Украина, реформските процеси во државава, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР околу изборите, прашањето околу евроинтеграциите.
На средбата е посочено дека Република Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ, при што е посочено и на подготовките што се прават во таа насока.
Во однос на реализацијата на реформите, заеднички е оценето дека е важно да има посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава за сите важни прашања од полза на граѓаните и на државата.
Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно фокусирани кон надминувањето на предизвиците од војната во Украина, дека владината коалиција е стабилна, дека разговорите со премиерот Петков во Бугарија се поставени на ниво на конструктивност од двете страни, како и дека евроинтеграциите на земјава се важни за перспективите на граѓаните во земјава, како и за стабилноста на регионот и на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …