Средба Ковачевски-Пич: Силна поддршка од Лондон за развојот на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На средбата премиерот Ковачевски и специјалниот пратеник на премиерот Борис Џонсон, Стјуарт Пич, разговараа за натамошниот развој на силните и цврстите билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.

Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство, инаку поранешен шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство и командант на Воениот комитет на НАТО, ја пренесе силната посветеност на Лондон за евроатлантската интеграција на Западен Балкан, како и на поддршката на неговата земја за промовирање силни, стабилни демократски институции и отворени општества.

Премиерот Ковачевски на средбата го истакна како особено значаен придонесот на Обединетото Кралство во поддршката на Северна Македонија и на Западен Балкан во унапредувањето на условите за безбедност, стабилност и просперитет во земјата и во регионот.

Прочитајте повеќе

Фондацијата Метаморфозис со конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

Ќе бидат доделени две годишни награди во две категории: Најдобар новинарски труд, односно стручен труд …