Средба Ковачевски-Величковски: СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка

Средба Ковачевски-Величковски: СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка

Денеска во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните.

Со меморандумот за соработка се потврдува соработката со Движењето за Нова Република со цел полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија и придонес кон националната и колективната безбедност и одбрана на Северна Македонија и кон нејзините сојузници во НАТО.

Воедно, потписниците со потпишаниот меморандум ја потврдуваат соработката со цел зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија по изборите, а воедно ќе се залагаат за креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …