Средба на градоначалникот Јованоски со здруженијата за подобар статус на жената во општеството

Средба на градоначалникот Јованоски со здруженијата за подобар статус на жената во општеството

Во рамки на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жени
и девојки“, градоначалникот Јованоски оствари средба со претставници на
здруженијата од Општина Прилеп кои работат на подобрување на статусот на
жената во општеството. Во позитивна атмосфера беа разменети повеќе предлози
и искуства за надминување на родовата нееднаквост и намалување на случаите
на семејно и родово базирано насилство во општината.

„Улогата на жената во современото општество е значајна и неприкосновена.
Некогаш од жената се очекувало да биде само домаќинка, денес таа е одговорен
човек и рамноправен чинител на современите процеси.

Современата жена денеска има тешка задача и одговорна улога. Таа не е само
домаќинка во домот, мајка и сопруга, туку во исто време и одговорна работничка
на своето работно место, и активен чинител на современите процеси во
општеството. Нејзините заложби се да биде успешна на секој чекор, на секое
поле. Тоа бара многу енергија, огромен влог.

Оттука, институциите и граѓанските здруженија, поединци, активисти, имаат
значајна улога во таа борба против насилството.“, посочи градоначалникот
Јованоски на средбата.

Магдалена Нестороска – претставник на организација на жени „Китка“ во својата
дискусија нагласи дека нивното здружение има реализирано проект против
насилство врз жената, којшто го работеле во минатото, но, за жал прекинал затоа
што немало средства за да продолжат понатаму. За потребите на проектот била
обезбедена и приватна куќа за засолнување на жените – жртви на семејно и
родово насилство, односно таму да бидат изолирани од насилниците.

Нестороска додаде дека тие како организација имаат едуциран персонал за
работа во областа на борбата против насилството врз жените и девојките и дека
со нивниот активизам ќе може да се поткрене јавната свест и да се помогне на
многу жени – жртви во општината.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека и во иднина општината ќе
продолжи да ги поддржува сите активности и активисти кои работат во борбата
против семејното насилство, со цел намалување на бројот на вакви случаи во
нашата општина.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …