Средба на министерот Сугарески со амбасадорот на Велика Британија, Рејчел Галовеј

Средба на министерот Сугарески со амбасадорот на Велика Британија, Рејчел Галовеј

Министерот за транспорт и врски  Горан Сугарески, оствари работна средба со амбасадорот на Велика Британија  во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата министерот Сугарески ја информираше британската амбасадорка за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија како и реформските закони што се спроведуваат во насока на усогласување со Европската регулатива.

На средбата министерот информираше дека во тек е силен инвестициски циклус во инфраструктурата и ја отвори можноста за соработка со компании од Велика Британија.

„Денеска остварив средба со британскиот амбасадор на која средба разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата. Се надевам дека сите заинтересирани компании од Велика Британија ќе пројават интерес на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на капиталните проекти во земјата”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка и поддршката што Велика Британија и ја дава на Република Македонија.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …