Средба на премиерот Заев со новиот еврокомесар за проширување Верхелји

Средба на премиерот Заев со новиот еврокомесар за проширување Верхелји

Во периодот пред нас, Северна Македонија ќе испорача уште повеќе аргументи до Европската Комисија и до сите земји членки на ЕУ, одложената позитивна одлука за нашата земја да дојде колку што е можно поскоро за да биде исправена грешката од Самитот на Европскиот Совет во октомври, му пренесе Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на новиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Верхелји, на средбата остварена на маргините на Самитот на Централно европската иницијатива што се одржа денеска во Рим.

Премиерот Заев на средбата ја изрази својата и благодарноста на Владата и на народот на Северна Македонија за поддршката што доаѓа од Европската Комисија во континуитет, како и лично од комесарот Верхелји во овој кус период од инаугурацијата до денеска.

Претседателот на Владата Заев, честитајќи му ја новата функција на комесарот Верхелји, го истакна позитивниот пристап на заедничката средба кој доаѓа како израз на искрен пријател на нашата земја и на проширувањето на ЕУ каков што е Оливер Верхелји и неговата земја Унгарија.

На средбата беше истакнато дека Северна Македонија, во процесот на пристапување ги  оствари сите услови со спроведување на домашните реформи, и со договорите со Грција и Бугарија, што ја направи нашата земја пример во регионот, како држава без отворени прашања со соседите. Успесите на земјата се успеси и на ЕУ, беше нагласено на средбата меѓу премиерот Заев и еврокомесарот Верхелји, и Северна Македонија ќе продолжи со уште поголем фокус на имплементацијата на реформите и во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Верхелји, од своја страна истакна дека Европската комисија силно го поддржува отворање на преговори со Северна Македонија и дека со земјите членки на ЕУ се работи на усогласување на ставовите за евентуални промени во методологијата и процес на проширување што ќе овозможат брза позитивна одлука за Северна Македонија.

Верхелји порача дека најавите дека Република Северна Македонија останува посветена да испорачува резултати во демократските реформи се од големо значење и го истакна очекувањето за поддршка од сите политички фактори, вклучувајќи ја и опозицијата, во интерес на граѓаните на земјата, и во донесувањето на законот за јавно обвинителство.

Еврокомесарот се соседска политика и проширување најави посета на нашата земја, и засилен ангажман целата Европска Комисија за да се потврди определбата за забрзани перспективи за проширување и јасна економска корист за земјите и граѓаните од Западен Балкан.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …