Пендаровски

Средба на претседателот Пендаровски со Оливера Наковска – Бикова, европската шампионка во стрелаштво

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими македонската параолимпијка Оливера Наковска –Бикова, која го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка.

Честитајќи и за постигнатиот успех, претседателот Пендаровски на средбата со Наковска – Бикова истакна дека нејзиното постигнување е гордост за целата нација и инспирација за сите млади спортисти во нашата држава.

Според претседателот Пендаровски, особено радува фактот што Наковска – Бикова го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година и ја надополни импресивната листа на своите спортски достигнувања на државно и на меѓународно ниво, меѓу кои е и освоениот златен медал на Параолимписките игри 2012 година во Лондон.

На средбата Наковска – Бикова ги престави и плановите за своите идни настапи. 

Прочитајте повеќе

Четири медали за џудистите на „Сеишин“ на „Тирана Опен 2023“

Вчера во Тирана, Албанија, се одржа Меѓународен турнир во џудо „Тирана Опен 2023″. На турнирот …