Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче - Лолипоп“ – Велес и Сојузот на Здруженија на дијабетичари

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ – Велес и Сојузот на Здруженија на дијабетичари

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прими претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ од Велес и на Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија.

На средбата преставниците на здруженијата го информираа Претседателот за состојбата со болеста дијабетес во земјава и го запознаа со своите активности коишто се посветени на влијанието врз политиките за подобри услуги и поголема грижа за здравјето на лицата со дијабетес.

За претставниците на здруженијата, загрижувачки е податокот дека бројот на заболени од дијабетес во Република Северна Македонија е во пораст. Од 120.000 пациенти со дијабетес, 40.000 примаат инсулинска терапија, а зголемениот број на заболени од дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна. 

Во таа насока, беше истакната потребата од подигнување на јавната свест за дијабетесот, промовирање на размена на квалитетни информации за дијабетот и обезбедување на едукација и подобри здравствени услуги за лицата со дијабетес. 

Претседателот Пендаровски даде силна поддршка на граѓаните кои се соочуваат со дијабетот, и додаде дека е особено важно да се работи на унапредување на достапноста на третманот и воведување иновативна терапија од страна на релевантните здравствени установи, како и подобрување на здравствените услуги, со цел да им се овозможи поквалитетен живот на нашите граѓани кои се соочуваат со дијабетес. 

Претседателот Пендаровски ги охрабри соговорниците да продолжат со нивните активности и ангажмансо што ќе се направи важен чекор за подобрување на здравствената состојба на лицата со дијабетес во нашата држава.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …