Средба на претседателот Пендаровски со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која

Средба на претседателот Пендаровски со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада, како и за предизвиците и приоритетите во претстојниот период  во контекст на европските аспирации на земјата.

Амбасадорот Која го запозна претседателот Пендаровски со тековните активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Соработката меѓу домашните институции и Мисијата на ОБСЕ во Скопје трае повеќе години во различни области и на повеќе програми, при што Мисијата на ОБСЕ дава советодавна и програмска поддршка во реформа на полицијата, медиумски слободи, изборните реформи, родова еднаквост, добро владеење, човекови права, спроведување на интегрирано образование.

Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …