Пендаровски

Средба на претседателот Стево Пендаровски со Дејвид Моран, регионален амбасадор на КОП26

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејвид Моран, регионален амбасадор на КОП26 за Европа, Централна Азија, Турција и Иран.

На средбата беше разговарано за долгорочната стратегија на Република Северна Македонија за климатска акција, со цел превенирање на постоечките ризици и креирање на решенија за ублажување на негативните последици од климатските промени, како и за мерките кои се интегрираат во националните политики.

Претседателот Пендаровски посочи дека во државата се подготвува Четвртиот национален план за климатски промени, ја реафирмираше подготвеноста и заложбите во насока на исполнување на целите од Парискиот договор и обврските преземени на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (КОП26), што се одржа во Глазгов.

На средбата беше истакнато дека e потребно да продолжи преземањето на мерки во борбата со климатските промени, како важна компонента на Целите за одржлив развој на Северна Македонија и во согласност со Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, чиј потписник е земјава.

„Остануваме посветени на креирање на политики за одржлива и безбедна животна средина, подигнување на јавната свест и јакнење на институционалните капацитети за ублажување и адаптација на климатските промени“, порача претседателот Пендаровски на средбата со амбасадорот Моран, посочувајќи дека еколошките политики, се во фокусот и на Рамката за развој „МКД2030“ што се изработува на иницијатива на претседателот.

Преку интегриран и усогласен пристап на надлежните институции, Северна Македонија останува посветена на унапредување на соработката со Обединетите Нации, со цел ефикасно справување со климатските промени и проактивни политики за климатска акција.

Прочитајте повеќе

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на тренинг-центарот во Идризово, најави изградба на уште еден …