Средба Спасовски - Мишел: После усвојувањето на методологијата на проширување, очекуваме ЕУ да ги испочитува дадените ветувања за датумот за преговори

Средба Спасовски – Мишел: После усвојувањето на методологијата на проширување, очекуваме ЕУ да ги испочитува дадените ветувања за датумот за преговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски синоќа се сретна со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на Претседателот, Стево Пендаровски.

Премиерот Спасовски го пречека високиот гостин од Брисел и се задржа со него на тет-а-тет разговор.

На средбата, Спасовски изрази благодарност за зголеменото внимание и отворените јавни изјави за поддршка за што поскоро отворање на пристапните преговори од страна на првиот човек на Европскиот Совет, Мишел. Премиерот Спасовски изрази очекување дека датумот за старт ќе дојде бргу после усвојувањето на новата методологија за проширување на ЕУ и дека ќе се испочитуваат дадените ветувања.

Спасовски потенцираше дека за нашата земја тајмингот е од клучно значење, за да не се загрози реформската динамика која допрва треба да ја постигне својата кулминација, како и Преспанскиот договор во неговата важна имплементациска фаза во претстојниот период.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел на средбата истакна дека неговата посета на нашата земја, во која пристигна од Тирана, има за цел да испрати силна порака дека иднината на Северна Македонија и на Албанија е во Европската Унија, како и да искаже пораки за охрабрување за континуирано спроведување на реформските процеси и имплементација на обврските на земјата од договорите со Грција и Бугарија.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …