Средба Спасовски-Шуц: Силна поддршка од Сојузна Република Германија за европските перспективи

Средба Спасовски-Шуц: Силна поддршка од Сојузна Република Германија за европските перспективи

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски се сретна со Сузане Шуц, амбасадорка, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, во германското Министерство за надворешни работи.

На средбата е соопштено дека Сојузна Република Германија целосно го поддржува членството на Република Северна Македонија во ЕУ и во тие рамки, скорешното отворање преговори со нашата држава.

Констатирано е дека земјава се наоѓа во значаен период кога го очекува заокружувањето на членството во НАТО, дека се реализирани значајните реформски процеси во земјава и дека поради тоа постои свесност кај европските земји дека позитивната одлука за почеток на преговорите е заслужена.

Премиерот Спасовски изрази благодарност за големата, пријателска и принципиелна поддршка од Сојузна Република Германија кон Република Северна Македонија и граѓаните на нашата држава.

„Се зафативме уште помотивирано за реформите значајни за граѓаните и за европските перспективи, за да ги покажеме нашите сериозни определби кон европските интеграции. Во тој дух, низ дијалог го донесовме и Законот за јавното обвинителство. Ги развиваме добрососедските односи и работиме преку почитување на Уставот, на имплементацијата на договорите со Грција и со Бугарија. Ги исполнивме очекувањата, донесовме важни, историски, храбри одлуки и со право очекуваме дека ова ќе биде вреднувано од нашите пријатели, земјите членки на ЕУ“, рече премиерот Спасовски.

На средбата е заеднички констатирано дека политиките на дијалог што ги применува Владата на Република Северна Македонија, се придобивка кон развојот на добрососедските односи и стабилноста во целиот регион, како и дека отстапките од овие позитивни процеси не носат ништо добро ни за земјата, ниту за регионот.

На состанокот се посочени придобивките од Берлинскиот процес, со којшто годинава претседаваат нашата држава и Република Бугарија. Во пресрет на утрешниот Форум во Скопје на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес, оценето е дека заедничкото претседателство на Северна Македонија и на Бугарија е значајно признание за придонесот на двете држави во напредокот и во регионалната соработка, како и дека самиот процес е од значителна важност за таа соработка на патот кон ЕУ.

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …