Стапката на невработеност падна за 3,2 отсто за една година и изнесува 16,6 отсто

Стапката на невработеност падна за 3,2 отсто за една година и изнесува 16,6 отсто

Во Македонија се намалува бројот на невработените, а се зголемува на вработените. Тоа го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, од добиените резултати на Анкетата за работна сила за четвртото тримесечје од 2019 година. Според нив, активното население во Македонија изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57,5, стапката на вработеност 47,9, додека стапката на невработеност изнесува 16,6.

За споредба, бројот на вработените во четвртото тримесечје од 2018 година изнесувал 771.806, а во истиот период од минатата година се зголемил на 807.362. Бројот на невработените, пак, се намалува, од 185.803 лица во четвртото тримесечје од 2018 година, на 161.242 во истиот период од минатата година. Или, тогаш стапката на невработеност изнесувала 19,4, а лани во 4-то тримесечје била 16,6 или паднала за 3,2 отсто. Истовремено, стапката на вработеност се зголемила, од 45,9 отсто во 4. тримесечје од 2018, на 47,9 отсто во истиот период минатата година односно за два отсто.

Стапката на невработеност е највисока кај младите на возраст меѓу 15 и 24 години и таа изнесува 35,1, а по нив се невработените на возраст меѓу 25 и 49 години, каде е пресметана стапка на невработеност од 16,4.

Од вкупниот број на вработени, 807.362, дури 616.024 се во приватниот сектор, а најголем број работници, 395.608, се со четири годишно средно образование. По нив се вработените со високо образование, 199.297. Слична е ситуацијата и со невработените. Од вкупно евидентирани 161.242 невработени, 71.914 се со четири годишно средно образование, а 34.869 со основно.

Преработувачката индустрија ангажира најмногу работници, или 161.007, потоа трговијата на големо и на мало, 114.243 и земјоделство, шумарство и рибарство каде во четвртото тримесечје лани биле евидентирани 104.064 вработени. Статистиката избројала најмалку вработени во дејностите на екстериторијални органи и тела, 1.915, и во дејностите во врска со недвижен имот, 4.093 вработени.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Европската Унија ќе ѝ даде 750,4 милиони евра на Северна Македонија

Европската Унија ќе ѝ даде 750,4 милиони евра на Северна Македонија

250 милиони евра ќе се добијат како грант или неповратни средства за инвестициски проекти, а …