Стариот охридски чинар ќе се ревитализира и заштити

Стариот охридски чинар ќе се ревитализира и заштити

За чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација.

За таа цел, во тек е тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување на чинарот.

Охридските чинари се прогласени за споменик на природата со Решението на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Дополнително, чинарот кој се наоѓа на плоштадот „Чинар“, е едно од препознатливите обележја на градот Охрид. Ова многувековно дрво опстојало во различни периоди и епохи од историјата на Охрид и Македонија, што само по себе го прави симбол на времето, односно „сведок“ на настаните кои се случувале и одвивале долги години наназад.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …