Стево Пендаровски е новиот Претседател на Република Северна Македонија

Стево Пендаровски е новиот Претседател на Република Северна Македонија

Пишува: Зоран Милошески

Според резултатите кои ги соопшти Државната изборна комисија, од преброените 99,29% од гласачките ливчиња, кандидатот за Претседател Стево Пендаровски освоил 432.728 гласови, а Гордана Сиљановска Давкова 374.131 глас. Со тоа, Стево Пендаровски е новиот Претседател на Република Северна Македонија.

Во своето вечерашно обраќање, новоизбраниот Претседател на државата, Стево Пендаровски изјави:

„Исходот од претседателските избори се победа за заедништвото, доказ дека напред се оди само заедно, доказ дека стабилност е можна само кога сме обединети.

Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединувам, нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, не фактор на кризи. Искажувам благодарност и до противкандидатите Гордана Сиљановска Давкова и Блерим Река. Ќе бидам Претседател на сите граѓани. Ќе бидам Претседател на државата од која нема да се срамите и тука, и во странство. Ви благодарам на поддршката, продолжуваме заедно напред“.

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев од седиштето на партијата вечерва, меѓу другото рече:

„Одекна мнозинската граѓанска определба на чисти и демократски избори. Продолжуваме заедно напред. Граѓаните остануваат заедно во спроведување на стратешките цели. Сите можеме да славиме, покажавме дека имаме горд и одговорен народ кој се залага за европските вредности. Од денеска ништо повеќе не е исто, никој не може да застане на патот на перспективите.

Исходот од изборите е дека растеме уште повеќе, заслужуваме да одиме напред, нашето место е во ЕУ и НАТО. Нема режим повеќе никогаш. Поразени се политиките на поделби и сеење ставови. Заедно со новиот Претседател, остануваме посветени на нашите приоритети. Градиме обединување внатре и сојузништво надвор.

Во европски избори, избравме европски Претседател. Заедно одиме напред со Стево Пендаровски. Пендаровски, биди секогаш објективен, критичен, со разбирање за потребите на граѓаните.

Почитувани граѓани, Стево Пендаровски е мој, наш, ваш Претседател. Благодарност до граѓаните од сите етнички заедници, благодарност до сите 31 политички партии кои застанаа зад кандидатурата на Пендаровски.

Порака и поука до ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е партијата да се модернизира и да сфати дека Република Северна Макдонија ја сочинуваат сите граѓани.

Честитки до граѓаните, нека ни е честито и со среќа“!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …