Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во училиштата. Д-р Стојанов вели дека во време кога имаме сој кој брзо се шири, воопшто не е паметно децата да не носат маски.

„Не треба да забораваме дека 1 отсто од заразените со Омикрон умираат.
Сега баш не треба да се тргнат маските, не е моментот. Од друга страна, нема распространетост на вирусот меѓу децата. Дали треба да има?“, прашува Стојанов.

Децата не се гушат со носењето маски, додава тој.

„Нема ништо да им биде. Ова не е гас маска за да се гушат. Луѓето треба да знаат дека Омикрон остава последици. Какви последици, ќе дознаеме допрва“, предупредува епидемиологот.

Истото мислење го дели и д-р Злате Мехмедовиќ.

„Апсолутно е неоправдано ваквото барање за неносење маски на училиште. Иницијативата е неоснована, а барањето е нелогично“, смета Мехмедовиќ.

Во соопштението до медиумите од Иницијативата, стои дека родителите кои ја поддржуваат, се категорични во намерата дека со почетокот на второто
полугодие, нема да ги пуштаат децата со маски на училиште.

Инаку, заради големиот број ковид случаи, надлежните одлучија зимскиот распуст да биде продолжен до 1 февруари. Сè уште нема одлука за тоа дали наставата ќе се изведува онлајн или со физичко присуство.

Според последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, во последните седум дена регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи. Изминатата недела од ковид починале 97 лицаза 76,4 отсто повеќе во однос на претходниот период. Најголем дел од нив се од Скопје.

Од почетокот на пандемијата до сега од ковид во земјава заболеле речиси 260.000 лица, а починаа 8.266. Во моментот бројот на активни случаи изнесува 20.856.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …