Сугарески: Охридскиот аеродром ќе го промовираме како аеродром за нискобуџетни авиокомпании

Сугарески: Охридскиот аеродром ќе го промовираме како аеродром за нискобуџетни авиокомпании

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска присуствуваше на промоција на новата авио линија Истанбул-Охрид-Истанбул, што ја реализира турската авиокомпанија Онур Ер.

Во своето обраќање, министерот Сугарески ја потенцираше заложбата на Владата на Република Македонија во насока на развој и унапредување на авиосообраќајот во државата.

Министерот нагласи дека во следниот период, Охридскиот аеродром ќе се промовираме како аеродром за нискобуџетни авиокомпании.

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески:

“Најпрво сакам да се заблагодарам на авиокомпанијата Онур Ер што Охрид и Република Македонија ја избра за дестинација и ја вметна во својата мапа на летови.

Оваа линија е многу значајна за нас бидејќи дополнително ќе ги  засилиме нашите врски со народот од Труција.

Туристичкото и културно богатство на Охрид, Струга и останатите градови во Република Македонија се дополнителен мотив што повеќе турски граѓани да дојдат до Македонија и да се запознаат со нашата традиција.

Ние како Влада максимално сме посветени на унапредување на ависообраќајот во земјата и регионот. Воспоставувањето на оваа линија е доказ дека Република Македонија е атрактива за сите авиокомпании.

Од тука сакам да најавам дека во најскоро време ќе го објавиме и јавниот повик за финансиска поддршка за нискобуџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии со што сметаме дека дополнително ќе овозможиме македонските граѓани да летаат по ниски цени кон многу метрополи.

Она што е важно е дека Охридскиот аеродром ќе го промовираме како аеродром за нискобуџетни авиокомпании, сакаме Охрид и овој аеродром дополнително да го ставиме во функција, да ги искористиме неговите капацитети и да овозможиме што повеќе туристи да ја посетат Македонија.

Бројките на превезни патници секој месец растат, така да очекуваме и во наредниот период тој тренд дополнително да се зголемува со мерките што ги преземаме,” изјави министерот Сугарески.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …