Светската популација надмина 8 милијарди жители

Светската популација надмина 8 милијарди жители

Светската популација ноќеска го надмина бројот од осум милијарди луѓе, а тоа може да се види на Ворлдметер. Обединетите Нации (ОН) предупредија дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени, ги очекуваат уште потешкотии. Најголем раст на населението има во земјите со средни економски приходи, главно во Азија. Таму е зголемена популацијата за околу 700 милиони луѓе од 2011 година.

Џон Вилмот, директорот на одделението за население при ОН, кажа дека пробивањето на границата од осум милијарди луѓе на Земјата е „успех за човештвото, но и голем ризик за нашата иднина“.

Според прогнозите, светската популација ќе достигне 8,5 милијарди луѓе до 2030 година, 9,7 милијарди до 2050 година, а 10,4 милијарди во 2100 година.

Просечниот животен век во 2019 година е 72,8 години, што е зголемување за девет години во однос на 1990 година. Се предвидува и натамошно намалување на смртноста што ќе доведе до просечен животен век од околу 77,2 години на глобално ниво во 2050 година.

Прочитајте повеќе

САД ќе обезбедат уште 400 милиони долари помош за Газа

САД ќе обезбедат уште 400 милиони долари помош за Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави повеќе од 400 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за …