Светски ден за поддршка на лицата со епилепсија

Светски ден за поддршка на лицата со епилепсија

Денеска е 26.Март, таканаречениот „Ввиолетов ден, односно Светскиот ден за поддршка на луѓето со епилепсија, кој секоја година со различни активности се одбележува на сите континенти и чиј заштитен знак е виолетовата боја.

Оваа година, поради новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19, сите активности за одбележување на овој ден се откажани. Од невладината организација Епилепсија Македонија“ чие седиште е во Прилеп, изјавија дека поддршката на „Виолетовиот ден“ ќе ја дадат само со објавување на постер.

Од „Епилепсија Македонија“ посочуваат дека сега не ниту време, ниту место за било какви собири и организирање на настани и апелираат да се седи дома и преку социјалните мрежи да се сподели постерот.

Главната порака која преку постерот ја испраќаат од „Епилепсија Македонија“ гласи: „Да се зголеми совеста за епилепсијата и да се разбијат вообичаените митови и верувања за ова невролошко заболување“.

Виолетовата боја е одбрана како за заштитен знак на епилепсијата, како боја која се поврзува со чувството на осаменост, како резултат на општествената стигматизација и маргинализација на лицата со епилепсија.Светски ден за поддршка на лицата со епилепсија

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …