СЗО го одобри користењето на вакцината против ковид-19 на Фајзер и Бионтек

СЗО го одобри користењето на вакцината против ковид-19 на Фајзер и Бионтек

Светската здравствена организација (СЗО) вчера ја издаде првата итна дозвола за користење на вакцина против ковид-19. Станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек. Во соопштението на СЗО се вели дека ваквиот потег треба да ја отвори портата за државите низ светот во нивните регулаторни тела да ги забрзаат процедурите за увоз и имунизација со оваа вакцина.

„Ова е многу позитивен чекор кон обезбедување на глобален пристап до ковид-19 вакцините. Но, би сакал да ја истакнам потребата за уште поголем глобален напор за да се постигне доволно голема понуда на вакцини, која ќе ги задоволи потребите на популацијата на која и е најпотребна, секаде низ светот“, изјави д-р Мариангела Симао, помошник-директор во СЗО за пристап до лекови и медицински производи.

СЗО и партнерите работат деноноќно за да ги оценат и другите вакцини кои ги достигнаа стандардите за ефикасност и безбедност. Вакцината на Фајзер и Бионтек веќе ја одобрија за користење Велика Британија, САД, Европската Унија, Израел, Саудиска Арабија и други земји во светот, но вистински предизвик ќе биде пронаоѓањето на вакцина против ковид-19 за земјите со послаби здравствени системи, кои се силно зависни од СЗО за да добијат вакцина за имунизација на населението од ковид-19.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Царинска управа колаж медикаменти

Царинска управа: Спречен шверц на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром Скопје спречија шверц на 1,7 тони медикаменти, Силденафил …