Миле Талевски

Талевски: Феникс е вистинското лице на ДПМНЕ, заедно со 400 обвиненија за злоупотреба на парите на народот

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека случајот „Феникс“ е потврда за криминалот, кој ДПМНЕ го правел повеќе од 11 години, кога беше на власт.

  • „Феникс“ е потврда за злоупотребата на парите на граѓаните и претставува типичен пример како ДПМНЕ ги перела парите од граѓаните, со цел да биде најбогатата политичка партија во Европа, да ги има најбогатите политичари, кои се сеуште раководство на ДПМНЕ и едноставно како ги краделе парите на граѓаните, истакна Талески, додавајќи дека 57 милиони евра за 11 споменици се испрани пари од буџетот на граѓаните за да завршат во џебот на високото раководство на ДПМНЕ.

Талевски нагласи дека „Феникс“ го разоткри начинот како ДПМНЕ ги злоупотребувала парите од граѓаните и како ја практицирала власта.

  • За 11 споменици се исплатени 57 милиони евра на леарница во Италија, којашто ги испорачала овие споменици за многу помали суми, а потоа истите пари од граѓаните, преку истата леарница ги испрала и ги вратила назад во џебовите на одредени функционери на ДПМНЕ, рече Талевски, додавајќи дека лажните патриоти од ДПМНЕ, на грбот на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, за спомениците на овие великани, кои многу значат за македонскиот народ ги краделе парите од граѓаните.

Талевски истакна дека СДСМ цело време посочува дека „Скопје 2014“ е пералница на пари и со оглед на бројот на сите проекти од „Скопје 2014“, запраша колку пари се испрани за овој проект и колку пари завршиле во џебовите на раководството на ДПМНЕ.

  • Бегалецот Никола Груевски, нивниот духовен отец, кој не само што ја пљачкал Македонија, ја опљачкал и нивната партија и касата на ДПМНЕ, сега е првоосомничен во „Феникс“, а потоа се вклучени и поранешен вицепремиер, активен во работата на партијата и поранешни градоначаланици, рече Талевски.

Пратеникот Талевски нагласи дека вистинското лице на ДПМНЕ се 400 обвинененија за злоупотреба на парите на граѓаните, 150 пресуди, 40 признанија на 40 функционери од ДПМНЕ, кои признале дека сториле кривично дело за злоупотреба на парите на граѓаните и пресудени 150 години затвор.

  • Дали ова ДПМНЕ има лице и образ да зборува за некаков криминал, треба да си погледне во сопствените редови, да расчисти со рецидивите од криминалната матрица и конечно да работи во интерес на граѓаните, а не на секој начин, со измислување на небулози, само да дојде на власт и да продолжи повторно да ги краде граѓаните, нагласи Талевски.

Прочитајте повеќе

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодговорно

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодговорно

Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете …